Што се случило: Во текот на попладневните часови бил обиен штабот на политичката партија
„СДСМ“ до црквата во с. Виниче. Од страна на непознат сторител со употреба на сила скршена
била влезната врата од објектот, влезено е внатре, направено било претурање, расфрлан бил
рекламен материјал, а дел бил и одземен.
Датум, време и место на инцидентот: 7 декември, околу 17:52 часот, партиски штаб на СДСМ во
с. Виниче.
Извор на информации: Електронски медиум Локално.мк
Инволвирани жртви: Освен материјална штета, во овој инцидент нема жртви.
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ) Предизвикување омраза, раздор
или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа (Член 319, КЗ)
Сторители: Непознати.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
политичка припадност, а пристрасните индикатори се:
1. Целна локација – целна локација е штабот на најголемата опозициска партија;
2. Модел на претходни инциденти – овој инцидент е последен од растечкиот тренд на оштетување
на партиски штабови во предизборниот период
Статус на случајот: Затворен.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое
Комитетот го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека пријавителот бил за поз-
наен дека треба да достави записник во надлежната полициска станица, но истиот не доставил
писмена пријава.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање општата политичка
стабилност во земјата.