Што се случило: Просториите на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид биле
искршени. Освен скршените два надворешни прозори преку кои лицата влегле во просториите,
нема оштетувања на инвентарот во комитетот.
Датум, време и место на инцидентот: 10 декември, околу 00:00 часот, партиски штаб на ВМРО-
ДПМНЕ во Охрид.
Извор на информации: Скопјеинфо.мк.
Инволвирани жртви: Освен материјална штета, во овој инцидент нема жртви.
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ).
Сторители: Непознат сторител.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
политичка припадност или политичко уверување, а пристрасните индикатори се:
1. Целна локација – целна локација е штабот на политичка партија
2. Модел на претходни инциденти – на овој инцидент му претходат инциденти од периодот
на предизборната кампања и изборниот процес, кога беа оштетени партиските штабови на
политичките партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДПСМ, БЕСА, ДУИ и ГРОМ.
Статус на случајот: Поднесена кривична пријава против непознат сторител.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое
МХК го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека Секторот за внатрешни работи
Охрид до Основното јавно обвинителство Охрид поднел кривична пријава против непознат
сторител за постоење основи за сомнение за сторено казнено дело „Тешка кражба“, а во врска
со член 236 ст.1 вв член 19 од КЗ, како и дека Секторот за внатрешни работи Охрид продолжува
со службени активности за целосна реализација и пронаоѓање на сторителите.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент има негативни финансиски импликации за
политичката партија и предизвикува безбедносна загриженост во заедниците во кои таа делува.