јануари 14, 2016

Обид да се запали црква во Сарај (потврдено)

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување
Предизвикување на национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост

Што се случило: Непознато лице со употреба на запалива течност предизвикало пожар во црк-
ва та „Св.Злата Мегленска“ во скопско Сарај, со што ја опожарило и уништило влезната врата од
црквата.

Датум, време и место на инцидентот: 14 јануари, околу 2 часот по полноќ, во скопско Сарај.
Извор на информации: Дневен весник Дневник.
Инволвирани жртви: Освен материјална штета, во овој инцидент нема жртви.
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ), Предизвикување национална,
расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост (Член 319, КЗ).
Сторители: Непознат сторител.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
верска припадност или убедување, а пристрасните индикатори се:
1. Местоположбата на инцидентот – православна христијанска црква во доминантна албанска
средина.

Статус на случајот: Под истрага.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое
Комитетот го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека од страна на СВР Скопје
бил доставен записник за извршен увид до Основното Јавно обвинителство Скопје.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање безбедноста на
различни верски заедници во земјата.

Адреса
Сарај
Име на Локација
Сарај

Број на жртви
-
Број на сторители
-
Статус на случајот
Под истрага
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот Сериозна закана
Име на Локација
Религиозен објект
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Обид да се запали црква во Сарај (потврдено) image

Кривични дела

Против сопственоста
Оштетување на имотот
Против државата
Предизвикување национална, расна или верска омраза, раздор и нетолеранција

Основа

Религија или уверување