Што се случило: На 11.10.2020 во 18.00 часот во Полициско одделение Велушница-Битола, А.С.(41) од с. Дрслајца, струшко, фудбалски судија, пријавил дека околу 15.45 часот во с. Кравари, на фудбалски натпревар, бил физички нападнат од А.Р.(25) од Битола, Ј.Ќ.(23) и А.М.(32), двајцата од с. Грнчари, ресенско. Додека Ј.Ќ. пријавил дека додека бил во прекин фудбалскиот натпревар во с. Кравари, бил физички нападнат од Г.Л.(43) од Струга, помошник фудбалски судија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничкото потекло поради тоа што фудбалскиот судија и неговиот помошник биле нападнати поради нивната етничка припадност и притоа бил навредувани врз таа основа, а пристрасните индикатори се:
- Етничкото потекло– жртвата и напаѓачите биле од различна етничка заедница.
- Модел на претходни инциденти – пресметки за време на спортски натпревари
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството