Што се случило: На 12.12.2018 година во 19,50 часот во Полициската станица Бит Пазар Б.Ш.(42) од Скопје,
пријавила дека на 12.12.2018 година околу 17,00 часот на автобуска постојка на булевар „Крсте Мисирков“
од страна на неколку лица бил физички нападнат нејзиниот 16 годишен син. Се работи на расчистување на
случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 12.12.2018 година, околу 17,00 часот, бул Крсте Мисирков, Битпазар,
Скопје.
Извор на информации: Билтен на МВР.
Инволвирани жртви: еден малолетник (16 год.)
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: неколку непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничко
потекло а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – жртвата е малолетник а со напаѓачите се од различно етничко потекло;
2. Модел на претходни инциденти – напади на осамени малолетни лица на улица, блиску училиште, во
автобус
3. Место- на булевар „Крсте Мисирков“ многу често се случувале вакви напади
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: До затворање на овој извештај сеуште немаме одговор од МВР.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата, соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството и особено безбедноста
на децата и младите луѓе во средини кои треба да се сигурни и безбедни за нив ( училишта, јавен превоз,
населби во кои живеат и се движат).