Што се случило: На 10.08.2018 година во 23.10 часот во Полициската станица Бит Пазар, С.Н. (27) од
Скопје пријавил дека истиот ден околу 22.00 часот на бул. „Крсте Мисирков“ физички бил нападнат од 10
до 12 непознати лица, при што му биле нанесени телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување
на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 10.08.2018 година околу 22 часот на бул. „Крсте Мисирков“
Извор на информации: дневен билтен на МВР.
Инволвирани жртви: Едно машко лице.
Вид на злосторства: Телесна повреда (Член 131, КЗ на РСМ)
Сторители: 10-12 неидентификувани сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е етничка
припадност, а пристрасните индикатори се:
1. Место – Инцидентот се случил на Бит Пазар, каде и претходно имало вакви и слични напади и
каде што живеат и поминуваат луѓе од различни етнички заедници.
2. Разлика во етничкото потекло – жртвата и напаѓачите се од различно етничко потекло (македонци
и албанци)
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата, соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.