Што се случило: На 27.09.2018 година во 22,20 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје Д.И.(44)
од Скопје пријавил дека истиот ден околу 19,00 часот во автобус на ЈСП број 65 на булевар “Никола
Карев“ од страна на две непознати лица физички бил нападнат неговиот 13 годишен син. До физичкиот
напад дошло кога автобусот закочил и детето се удрило во двете лица кои веднаш почнале вербално да
се расправаат со него, а потоа и физички го нападнале. Се преземаат мерки за целосно расчистување
на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 27.09.2018 година, околу 19,00 часот, во автобус бр.65 на на
булевар “Никола Карев“.
Извор на информации: дневен билтен на МВР.
Инволвирани жртви: едно малолетно лице.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: две непознати лица.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничко
потекло а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – жртвата е малолетник а со напаѓачите се од различно етничко
потекло;
2. Модел на претходни инциденти – напади на осамени малолетни лица на улица, блиску училиште,
во автобус
3. Место- авотбус бр, 65 многу често бил место каде се случувале вакви напади
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата, соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството и
особено безбедноста на децата и младите луѓе во средини кои треба да се сигурни и безбедни за нив (
училишта, јавен превоз, населби во кои живеат и се движат).