Што се случило: На 14.09.2018 година во 11,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје Д.П.
(38) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 09,45 часот во близина на средното училиште „Боро
Петрушевски“, неговиот 15 годишен син физички бил нападнат од страна на неколку малолетни лица.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 14.09.2018 година, во 11,30 часот, во близина на средното
училиште „Боро Петрушевски“„, Скопје.
Извор на информации: билтен на МВР.
Инволвирани жртви: еден малолетник (15 год.).
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ),
Сторители: неколку малолетни лица.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничко
потекло а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – нападнатиот малолетник и малолетниците напаѓачи се од
различно етничко потекло (македонци и албанци);
2. Модел на претходни инциденти – судир и конфликт помеѓу ученици од различно етничко потекло
особено во главниот град се случува многу често. Ваквите судири најчесто се случуваат помеѓу
деца од македонско и албанско етничко потекло, додека другите заедници поретко или никогаш не
се инволвирани во вакви инциденти.
6. Место – Инцидентот се случил во средно училиште и во населено место каде живее мешано
етничко население и учат ученици од различни етнички заедници.
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Во одговорот кој го добивме од МВР, се преземаат мерки за расчистување
на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата, соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството и
особено безбедноста на децата и младите луѓе во средини кои треба да се сигурни и безбедни за нив (
училишта, јавен превоз, населби во кои живеат и се движат).