февруари 12, 2020

Насилство врз деца Ромчиња во автобус бр. 5 на ЈСП

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување

Што се случило: На 12.02.2020 година, околу 21 часот, во автобус број 5 на ЈСП, непознато лице, револтиран од бучавата во автобусот се упатил спрема децата од ромска етничка припадност кои зборувале на висок тон и пееле. Сторителот започнал да им се обраќа на висок тон да престанат со бучава. Некои од децата престанале со бучавата, но пријавениот продолжил да ги навредува и омаловажува децата врз основа на етничка припадност и боја на кожа велејќи им: „Ни ја гнасите државата, од вас нема спас”. Потоа, едно од децата кое претходно пеело и било облечено во црвена јакна било физички нападнато од страна на сторителот со удар по окото и со неколку удари по главата. Пријавениот освен што физички го нападнал детето, тој му ја загрозил и сигурноста на начин што му се заканувал по живот и телото и го заплашувал дека ќе го одведе на непознато место. Дополнително, децата од страна на сторителот биле принудувани да го чистат ѓубрето во автобусот, а кога се наближил автобусот спрема автобуската постојка кај Т.Ц „Бисер” сторителот го фатил детето кое физички го малтретирал и му кажал дека треба со него да се симне на таа постојка. Сторителот присилно го извлекол детето надвор од автобусот по што го влечел по асфалтот на земја и му ја удрил главата од банкоматот на „НЛБ” Банка кој се наоѓа кај автобуската постојка. Во тој момент неколку непознати момчиња се стрчале спрема сторителот, по што тој избегал од местото.

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: : Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничката припадност, а пристрасните индикатори се:

  1. Етничка припадност – сторителот и жртвата припаѓаат на различни етнички заедници.
  2. Модел на претходни инциденти – На овој инцидент му претходат  инциденти во јавниот превоз.
  3. Присуство на говор на омраза: Сторителот ги омаловажувал жртвите врз основа на етничка припадност и боја на кожа велејќи им: „Ни ја гнасите државата, од вас нема спас”.

Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата.


Број на жртви
1
Број на сторители
1
Статус на случајот
Под истрага
Насилство врз деца Ромчиња во автобус бр. 5 на ЈСП image

Кривични дела

Против слободите и правата
Повреда на еднаквоста на граѓаните