Што се случило: На 11.08.2018 година во 04.25 часот во Полициската станица Карпош, А.Ф.Ш. (25) од
Скопје пријавил дека истиот ден во 03.20 часот пред дискотека во Градски Парк физички бил нападнат
од две непознати лица, кои дошле со патничко возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 11.08.2018 година во 04,25 часот во Градски парк
Извор на информации: дневен билтен на МВР.
Инволвирани жртви: Едно помладо машко лице.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ), Телесна повреда (Член 130, КЗ на РСМ).
Сторители: двајца неидентификувани сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е етничка
припадност, а пристрасните индикатори се:
1. Место – Инцидентот се случил во Градски парк, каде и претходно имало вакви и слични напади и
каде што живеат и поминуваат луѓе од различни етнички заедници.
2. Разлика во етничкото потекло – жртвата и напаѓачите се од различно етничко потекло (македонци
и албанци)
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата, соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.