февруари 19, 2020

Насилство во автобус бр. 57

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување

Што се случило: На 19.02.2020 околу 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во автобус бр. 57, кој сообраќал на релација Радишани – Бутел, на ул.„Александар Урдаревски“, поради меѓусебно нетрпение, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу три малолетници од 15 до 16 години, од една страна, и пет малолетници од 13 до 16 години, од друга страна, сите од Скопје. Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 став 3 и член 34 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е етничко потекло, а пристрасните индикатори се:

  1. Етничкото потекло– жртвите и напаѓачите биле од различна етничка заедница
  2. Локацијата – инцидентот се случил во автобуска линија каде што се движи мешано население.

Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.


Број на жртви
-
Број на сторители
-
Статус на случајот
Под истрага
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад
Насилство во автобус бр. 57 image