Што се случило: На 02.11.2018 година околу 21.30 часот во близина на ресторан на улица „Борис Кидрич“
во Тетово, по завршување на прослава на годишнина од постоење на навивачка група, 15-годишник од
Тетово, кој бил со неколку другари, физички бил нападнат од непознато лице кое било со група од
повеќе други лица. Малолетникот бил удрен по грбот, по што лицата побегнале. Оштетено е изложно
стакло на занаетчиски дуќан и патничко возило сопственост на А.М.(27) од Тетово. СВР Тетово презема
мерки за расчистување наслучајот.
На 23.11.2018 година полицијата поднесе кривични пријави против 14 лица, меѓу кои и еден малолетник
за насилствата предизвикани на 02.11 од навивачките групи Војводи и Балисти.
Датум, време и место на инцидентот: 02.11.2018 година околу 21.30 часот. Тетово
Извор на информации: Електронски медиуми: макфакс.ком.мк, фокус.ком.мк и гол.мк
Инволвирани жртви: 1 повреден
Вид на злосторства: Телесна повреда (Член 131, КЗ на РСМ), Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: 7 идентификувани сторители од кои 1 малолетен.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив
е етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло и припадност на навивчка група – жртвата била од македонска етничка
припадност, а напаѓачите биле од албанска етничка заедница и членови на навивачка група на
Балисти.
2. Локацијата – инцидентот се случил во центарот на Тетово после натпревар.
Статус на случајот: поднесени кривични пријави против 7 сторители
Одговор на локалните власти: До затворањето на овој извештај од МВР немаме добиено одговор на
барањето доставено до МВР во врска со овој инцидент, дали има индикатори со кои ќе се потврди дело
од омраза. Информациите за поднесени кривични пријави ги имаме добиено од медиумите. Влијание
врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.