Што се случило: На 02.06.2019 година во времето од 20,10 до 23,50 часот во Скопје Т.П.(17) од Скопје била
повредена од пиротехнички средства на Плоштад „Македонија“ и се здобила со изгореници во пределот на
нозете. Исто така, приведен е и Ж.М.(36) од Скопје поради нарушување на јавниот ред и мир пред Собранието
на РСМ.
Датум, време и место на инцидентот: 02.04.2019 плоштад „Македонија“ Скопје.
Извор на информации: дневен билтен на МВР, mkd.mk; press24.mk; slobodnaevropa.mk; slobodenpecat.mk
Инволвирани жртви: eдна (1) малолетна жртва
Вид на злосторства: Телесна повреда (член 135 од КЗ)
Сторители: повеќе сторители, еден (1) приведен сторител
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – за време на прослава на македонски етнички клуб, навивачите извикувале пароли
против албанската заедница, како и уништиле автомобили од Косово.
2. Локација- и претходно на плоштад при прослави се случувале вакви инциденти
Статус на случајот: затворен.
Одговор на локалните власти: Родителот на жртвата се откажал од поднесување на каков било записник.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството, и особено лошо се одразуваат
на развојот и поведението на децата.