Петнаесетгодишно момче викендов било нападнато и претепано од тројца непознати напаѓачи, соопшти кумановската полиција. Инцидентот се случил во неделата околу 18.30 часот во дворот од основното училиште "Наим Фрашери", а бил пријавен еден час подоцна од мајката на малолетникот.
Според изјавата на малолетникот, тој бил нападнат од три лица, повозрасни од него, кои не ги познавал. Нападот бил без никаква причина или повод.
Од МВР информираат дека локалната полиција го утврдува идентитетот на евентуалните напаѓачи.
30 ОКТОМВРИ 2013
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Ф.Л.(15), С.С.(16) и Ф.С.(17), сите од Куманово, за учество во тепачка.
Тројцата малолетници, на 22 септември, околу 18.30 часот, со возило се движеле по улицата Страшко Симонов, и во еден момент од озилото излегол Ф.Л. и нападнал 15-годишен кумановец, без повод и причина, удирајќи го во пределот на главата и телото. Потоа и другите двајца излегле од возилото и продолжиле да го удираат момчето, мна несувајќи му тешки телесни повреди.