Што се случило: 35-годишно лице од машки пол било прободено од непознат напаѓач во Чаир,
без никаква причина.
Датум, време и место на инцидентот: 2 април, бул. „Џон Кенеди“, во Општина Чаир, Скопје.
Извор на информацијата: Електронскиот медиум „телеграф.мк“ (telegraf.mk).
Вклучена(и) жртва(и): 35-годишен маж со непознато етничко потекло. Бил прободен во пределот
на вратот.
Вид на кривично дело(а): Тешка телесна повреда, Чл. 131 КЗРМ; Насилство Чл. 386 КЗРМ;
Сторител(и): Непознат.
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Мотивот на пристрасност во овој
инцидент е етничко потекло, државјанство или јазик, додека индикаторите за пристрасност во
овој инцидент се:
1. Шема на инциденти – ова се две од четири прободувања што се случија во Скопје таа вечер, по
кошаркарски натпревар каде исто така дошло до масовна тепачка (неповрзана со злосторство од
омраза).
2. Природа на насилството – Инцидентот бил извршен во јавност.
3. Недостаток на други мотиви.
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на надлежните власти: Преку медиумите полицијата изјави дека ќе ги преземат сите
соодветни мерки. Преку „„Одговор на барање““ за информации од јавен карактер Министерството
за внатрешни работи му одговори на Комитетот дека жртвата не соработувала со истрагата, но
дека се преземаат сите потребни мерки за расчистување на случајот.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков тип ја доведуваат во прашање
општата политичка ситуација во земјата и соживотот помеѓу различните етнички заедници во
општеството.