август 31, 2014

Напад на 17-годишник во автобус на јавен транспорт бр. 57 (верифицирано)

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност
Насилство врз малолетници

Што се случило: Неколку сторители нападнале 17-годишник во автобус од јавниот транспорт
бр.57, без никаква причина.

Датум, време и место на инцидентот: 31 август, 02:00 часот, јавна автобуска линија бр. 57, Скопје.
Извор на информацијата: Локалниот електронски медиум „република.мк“ (republika.mk).
Вклучена(и) жртва(и): Едно лице со непозната националност.
Вид на кривично дело(а): Учество во тепачка (Чл.132), Насилство (Чл.386), Телесна повреда (Чл.130).
Сторител(и): Непозната група на сторители.
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Мотивот на пристрасност во овој
инцидент е етничкото потекло, државјанство или јазик, додека индикатори на пристрасност во
овој инцидент се:
1. Разлика помеѓу сторителот и жртвата според етничка основа – Поради мешаниот етнички состав
на населението во селото Радишани (селото до кое патува автобуската линија бр. 57) и другите
транзитни постојки на линијата на автобусот бр. 57, етничката припадност на жртвата можно е да
е различна од онаа на сторителите.
2. Природа на насилството – Инцидентот бил извршен во јавност.
3. Недостаток на други мотиви.

Статус на случајот: Поднесени се кривични пријави.
Одговор на надлежните власти: Преку „Одговор на барање“ за информации од јавен карактер, на
барањето испратено од Комитетот, Министерството за внатрешни работи изјави дека поднесени
се кривични пријави против три лица за дело „Насилство“.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање
општата безбедносна состојба во земјата, и соживотот помеѓу различните етнички групи во
општеството.

Адреса
Скопје
Име на Локација
јавна автобуска линија бр. 57

Број на жртви
1
Број на сторители
3
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Сериозна закана Телесна повреда Физички напад Насилство
Име на Локација
Друга јавна локација
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го фатија сторителот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Напад на 17-годишник во автобус на јавен транспорт бр. 57 (верифицирано) image

Кривични дела

Против животот и телото
Телесна повреда
Против слободите и правата
Криминална закана
Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност