Што се случило: Седумнаесетгодишен ученик од Куманово, додека се враќал дома по училиште,
бил нападнат од тројца ученици од училиштето Крсте Мисирков во Куманово. Во одреден момент,
сторителите извлекле нож, но жртвата успеала да избега.
Датум, време и место на инцидентот: 21 февруари, на бул. Народна револуција пред основното
училиште „Крсте Мисирков“ во Куманово.
Извор на информацијата: Националниот електронски медиум „Нетпрес“ (Netpress).
Вклучена(и) жртва(и): Еден седумнаесетгодишен средношколец од машки пол и непознат сторител.
Вид на кривично дело(а): Насилство Чл. 386 КЗРМ, Телесна повреда, Чл. 130 КЗРМ.
Сторител(и): Група од 3 основци со непознато етничко потекло.
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Во овој инцидент, мотивот на
пристрасност е етничкото потекло, државјанството или јазикот, додека индикаторите на
пристраност се:
1. Претпоставена разлика помеѓу сторителот и жртвата според етничка припадност – поради мешаниот
етнички состав на учениците во училиштето каде што учат овие основци, етничката припадност
на жртвите можно е да се разликува од онаа на сторителите.
2. Природа на насилството – инцидентот бил извршен во јавност
3. Недостаток на други мотиви.
Статус на случајот: Поднесени се прекршочни пријави.
Одговор на надлежните власти: Преку медиумите, надлежните изјавија дека преземаат мерки за
расчистување на случајот. Откако Комитетот испрати Барање за јавни информации, Полицијата
одговори дека го расчистиле случајот и поднеле прекршочни пријави против малолетниците.
Полицијата не прецизира ништо во врска со можниот мотив.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков тип ја доведуваат во прашање
општата политичка ситуација во земјата и соживотот помеѓу Македонците, од една страна, и
Албанците од друга, како две најголеми етнички заедници во државата и дополнително влијаат
врз градењето на мултиетничка толерантна средина во која можат да растат младите луѓе.