Што се случило: Во текот на вечерните часови, непознати сторители ја демолирале локалната
канцеларија на СДСМ во Чаир.
Датум, време и место на инцидентот: 26 април, рани утрински часови Чаир, Скопје.
Извор на информацијата: Електронскиот медиум „бриф.мк“ (brif.mk).
Вклучена(и) жртва(и): Освен материјалната штетна, немало директни жртви во овој инцидент.
Вид на кривично дело(а): Оштетување туѓи предмети чл. 243 КЗРМ, Предизвикување општа
опасност (Чл. 288 КЗРМ).
Сторител(и): Непознат(и).
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Мотивот на пристрасност во овој
инцидент е политичката припадност и политичкото убедување, а индикатори на пристрасност во
овој инцидент се:
1. Локација – метата е место од политичко значење за целната група.
2. Недостаток на други мотиви.
Стaтус на случајот: Поднесени се кривични пријави.
Одговор на надлежните власти: Преку „Одговор на барање“то за информации од јавен ка-
рактер пратено од Комитетот, Министерството за внатрешни работи изјави дека поднесени се
кривични пријави за делото „Предизвикување општа опасност“(чл. 288 КЗРМ) против петмина од
сторителите. Сепак, нема одговор во врска со фактот што укажува на можниот мотив за делото.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков тип ја доведуваат во прашање
општата политичка состојба во земјата и соживотот помеѓу различните групи во општеството.