јуни 8, 2014

Напад на младинскиот тим на кошаркарскиот клуб Вардар (неверифицирано)

Инцидент
Инциденти сторени на спортски натпревари
Инциденти сторени поради етничка припадност
Предизвикување на национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост

Што се случило: По полуфиналниот натпревар што завршил со победа за Вардар (тим што
традиционално има македонски играчи и навивачи), навивачите на тимот Шкупи (тим со
традиционално албански играчи и навивачи) ги нападнал гостинските играчи од Вардар,
пришто поединци од публиката се вмешале и ги нападнале играчите на Вардар и делегатите на
Македонското кошаркарско здружени, фрлајќи кон нив со тешки предмети.

Датум, време и место на инцидентот: 8 јуни, Спортска сала „Антон Димитров“, Бутел, Скопје
Извор на информацијата: Националниот електронски медиум Бриф.мк (Brif.mk).
Вклучена(и) жртва(и): Повеќе играчи од младинскиот тим Вардар и неколку делегати од
Македонското кошаркарско здружение.
Вид на кривично дело(а): Тешка телесна повреда Чл. 131 КЗРМ, Насилство (Чл.386), Загрозување
на сигурноста (Чл.144), Поттикнување на омраза, раздор и нетолерација врз национална, расна,
верска или друга дискриминаторска основа (Чл.319).
Сторител(и): Непознат број на сторител/и.
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Мотивот на пристрасност во овој
инцидент е етничкото потекло, државјанство или јазик, додека индикатори на пристрасност во
овој инцидент се:
1. Претпоставена разлика помеѓу сторителот и жртвата според етничка припадност – поради
традиционална различниот етничко состав на играчи и навивачки клубови, може да се претпостави
дека етничката припадност на жртвите се разликува од таа на сторителите.
2. Локација и време – инцидентот се случил кратко по промена на присуството на малцинство во
околината – македонски играчи и клуб на навивачи на домаќински терен на клуб со традиционално
албански играчи и клуб на навивачи.
3. Природа на насилството – Инцидентот бил извршен во јавност.
4. Недостаток на други мотиви.

Статус на случајот: Непознат.
Одговор на надлежните власти: Преку медиумите полицијата изјави дека ќе се преземат
соодветните мерки. Сепак, Министерството за внатрешни работи, преку „Одговор на барање“
за информација од јавен карактер побарана од Комитетот изјави дека немало прекршок против
јавниот ред и мир во текот на натпреварот.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање
општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички заедници во
општеството, како и сигурноста на спортските терени.

Адреса
Спортска сала „Антон Димитров“, Бутел, Скопје
Име на Локација
Спортска сала „Антон Димитров“, Бутел, Скопје

Број на жртви
-
Број на сторители
-
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот Сериозна закана Телесна повреда Физички напад Насилство
Име на Локација
Друга јавна локација
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Напад на младинскиот тим на кошаркарскиот клуб Вардар (неверифицирано) image

Кривични дела

Против животот и телото
Телесна повреда
Против слободите и правата
Превенција или нарушување на јавниот собир
Против сопственоста
Оштетување на имотот
Против јавниот ред
Насилство
Против државата
Предизвикување национална, расна или верска омраза, раздор и нетолеранција

Основа

Националност Етничка припадност