јануари 14, 2019

Напад на две лица на ул. Перо Наков

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност

Што се случило: На 14.01.2019 година во 13.50 часот во СВР Скопје, Д.К.(24) од село Црквиње, велешко,
пријавил дека истиот ден околу 13.20 часот на улица „Перо Наков“ тој и неговиот брат Е.К. физички биле
нападнати од две лица, од кои едното имало нож. Се преземаат мерки за расчитување на случајот.

Датум, време и место на инцидентот: 14.01.2019 година во 13.20 часот, ул. Перо Наков Скопје.
Извор на информации: дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: две (2) жртви
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: двајца (2) непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – ширење на говор на омраза и повикување и поттикнување на насилство преку
социјални мрежи против различна етничка заедница.
2. Локација – во тој дел од градот има мешана етничка структура.

Статус на случајот: непознат
Одговор на локалните власти: Нема потврда од МВР за индикаторите за дело од омраза.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.

Адреса
улица „Перо Наков“
Име на Локација
улица „Перо Наков“

Број на жртви
2
Број на сторители
2
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад Насилство
Име на Локација
Улица
Дали пријавивте во полиција?
Да
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Напад на две лица на ул. Перо Наков image

Кривични дела

Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност