октомври 13, 2013

Напад врз трансродово лице во Ѓорче Петров

Инцидент
Инциденти сторени заради сексуална определба и/или родов идентитет

На ден 13.10.2013, во вечерните часови, во близина на кружниот тек во населбата Ѓорче Петров бил извршен физички напад врз трансродово лице. Девојката била удрена во пределот на главата од десната страна, при што и’ бил повреден носот, а исто така добила удар и во пределот на стомакот. 
Се работи за група од три лица, од кои само едно го извршило нападот. Сторителите побегнале од местото на настанот, по што девојката добила помош од група луѓе кои се наоѓале во близина. Направен е полициски записник а девојката е однесена во болница каде и’ е укажана лекарска помош.

Адреса
Gjorche Petrov, Skopje, Macedonia (FYROM)

Број на сторители
1
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Напад врз трансродово лице во Ѓорче Петров image