Што се случило: Шеснаесет годишен средношколец, додека се движел по ул. Анастас Митрев во
близина на Транспортниот Центар во Скопје, бил нападнат од група млади момчиња при што се здобил
со убодни рани во едната нога, поради што малолетникот бил однесен во Ургентниот центар во Скопје.
Случајот е пријавен во МВР.
Датум, време и место на инцидентот: 24 март, околу 15:30 часот, кај Транспортниот центар ( ул. Анастас
Митрев), Скопје.
Извор на информации: Електронски медиум Телма телевизија.
Инволвирани жртви: 1 малолетник (16 год.).
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ), Телесна повреда (Член 130, КЗ на РСМ), Учество
во тепачка (Член 132, КЗ на РСМ)
Сторители: поголема група сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничко
потекло а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – жртвата е малолетник а со напаѓачите се од различно етничко
потекло (македонци и албанци);
2. Модел на претходни инциденти – се напаѓаат осамени малолетници, а напаѓачите се полнолетни
или во група
3. Место – Инцидентот се случил во близина на Транспортниот центар во Скопје, каде и претходно
имало вакви и слични напади и каде што живеат и поминуваат луѓе од различни етнички заедници.
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Во одговорот кој го добивме од МВР, овој инцидент воопшто не е
регистриран.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата, соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството и
особено безбедноста на децата и младите луѓе во средини кои треба да се сигурни и безбедни за нив (
училишта, јавен превоз, населби во кои живеат и се движат).