Што се случило: На 19.07.2020 во 01.30 часот во СВР Скопје, С.К.А.(44) од Скопје пријавила дека на 18.07.2020 околу 21.40 часот, во близина на училиште на ул.„Женевска“ во Скопје, нејзиниот 16 годишен син кој бил заедно со уште еден 16 годишен малолетник по претходна расправија биле физички нападнати од група непознати лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е етничката припадност, а пристрасните индикатори се:
- Етничкото потекло– жртвата и напаѓачите биле од различна етничка заедница.
- Модел на претходни инциденти – напади врз млади лица на улица, блиску училиште, во автобус
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството и особено негативно се одразуваат на развојот и безбедноста на децата.