Што се случило: На 15.07.2019 во 16.15 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, И.А.(30) од Скопје пријавил
дека на истиот ден околу 15.50 на ул.„1596“ физички бил нападнат од четири непознати лица. Се работи на
расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 15.07.2019 година во 15.50 часот, Ѓорче Петров, Скопје
Извор на информации: дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: една (1) полнолетна жртва
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: четири (4) непознати сторители
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – жртвата и напаѓачот биле од различна етничка заедница.
2. Локација – настанот се случил во дел од градот каде циркулира мешано етничко население и каде
постои нетрпеливост помеѓу етничките заедници.
Статус на случајот: непознато
Одговор на локалните власти: Се работи на расчистување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.