март 27, 2019

Нападнат 17- годишен малолетник во Чаир

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување

Што се случило: На 27.03.2019 година во 13.40 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.Д.(44) од Скопје
пријавил дека истиот ден околу 13.20 часот на ул.„376“ едно лице физички го нападнало неговиот 17-годишен
син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 27.03.2019 во 13.20 часот на улица “376“ Скопје.
Извор на информации: дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: една (1) жртва
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: еден (1) сторител
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – жртвата и напаѓачите биле од различна етничка заедница.
2. Локација – во овој дел од градот и претходно се регистрирани ваков вид на инциденти
Статус на случајот: непознат
Одговор на локалните власти: Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.

Адреса
Chair, Skopje 1000, North Macedonia
Име на Локација
ул. 376 Скопје

Број на жртви
1
Број на сторители
2
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад
Нападнат 17- годишен малолетник во Чаир image

Кривични дела

Против јавниот ред
Насилство

Основа

Етничка припадност