Што се случило: На 27.12.2018 година околу 21,00 часот во Скопје на булевар „Крсте Петков Мисирков“
тројца малолетници на возраст од околу 15 години, физички нападнале 12 годишен малолетник од
Скопје, при што еден од напаѓачите му нанел убодна рана во пределот на ногата. Се преземаат мерки
за расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 27.12.2018 година, околу 21,00 часот на булеварот „Крсте
Мисирков“ Скопје.
Извор на информации: дневен билтен на МВР.
Инволвирани жртви: еден малолетник (12 год.).
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ), Телесна повреда (Член 130, КЗ на РСМ)
Сторители: тројца малолетници.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничко
потекло а пристрасните индикатори се:
12. Разлика во етничкото потекло – жртвата со напаѓачите се од различно етничко потекло
(македонци и албанци);
13. Модел на претходни инциденти – напад на осамени малолетници, а напаѓачите се во група
14. Место – Инцидентот се случил на авотбуска станица и улица каде и претходно имало вакви и
слични напади и каде што живеат и поминуваат луѓе од различни етнички заедници.
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: До затварње на овој извештај сеуште немаме одговор од МВР.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата, соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството и
особено безбедноста на луѓето во средини кои треба да се сигурни и безбедни за нив (јавен превоз,
населби во кои живеат и се движат, јавни простори автобуски постојки).