март 6, 2018

Нападнат пратеникот Бранко Синадиновски

Инцидент
Инциденти сторени заради политичка припадност или политичко уверување
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување

Што се случило: Пратеникот на ДУИ, Бранко Синадиновски бил нападнат од двајца непознати напаѓачи,
при што бил жестоко удиран и клоцан по главата, лицето и стомакот. Потоа со помош на лица од
околината бил однесен во болница. Полицијата работи на расветлување на случајот.

Датум, време и место на инцидентот: 06 март, околу 14:10 часот, пред неговиот дом во Аеродром,
Скопје.
Извор на информации: Електронски медиум фактор.мк
Инволвирани жртви: повреден пратеникот Синадиновски.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ), Телесна повреда (Член 130, КЗ на РСМ)
Сторители: двајца непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е политичка
припадност или политичко уверување и етничка припадност, а пристрасните индикатори се:
1. Модел на претходни инциденти – овој инцидент е дел од серијата инциденти против припадници
или симпатизери на политички партии или поранешни и сегашни функционери.
2. Разлика во етничкото потекло- пратеникот Бранко Синадиновски е албанец со православна
вероисповест, а член на албанската политичка партија ДУИ

Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Во одговорот кој го добивме од МВР, се наведува дека е известен ОЈО и
се работи на расчистување на овој случај.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата и стабилноста на политичката состојба.

Адреса
Аеродром, Скопје, Северна Македонија
Име на Локација
пред домот на пратеникот

Број на жртви
1
Број на сторители
2
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад Насилство
Име на Локација
Улица
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Нападнат пратеникот Бранко Синадиновски image

Кривични дела

Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност Религија или уверување Политичка припадност