Што се случило: Во ПС ОН-Гази Баба, Ф.А.(18), од с.Црешево – Скопје, пријавил дека истиот
ден околу 11.50 часот на ул.„Антон Попов“ поточно во автобус на ЈСП бр.65 кој сообраќал на
релација с.Раштак-Скопје, физички бил нападнат од страна на машко лице на возраст околу 18
години, кој го удрил со тупаница во пределот на лицето, при што му нанел видливи повреди во
вид на оток и црвенило. До физичкиот напад е дојдено без повод и причина. Се преземаат мерки
за расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 4 ноември, 11:50 часот, ул. „Антон Попов“, Скопје
Извор на информации: Прес24.
Инволвирани жртви: Едно лице.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ), Телесна повреда (Член 130, КЗ)
Сторители: Едно лице
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Претпоставена разлика во етничкото потекло – инцидентот се случил во област населена
од луѓе со мешан етнички состав, можно е сторителите и жртвата да имаат различно етничко
потекло;
2. Природа на насилството – инцидентот се случил во јавност.
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: До моментот на пишување на овој извештај, МВР не одговори на
Барањето за информации од јавен карактер кое Комитетот го испрати во врска со овој инцидент.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент го доведува во прашање етничкиот соживот
помеѓу двете најголеми заедници во земјата.