ноември 28, 2018

Нападнат малолетник во Ќерамидница

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување
Насилство врз малолетници

Што се случило: На 28.11.2018 година во 15,30 часот И.У.(32) пријавил дека истиот ден околу 13,00 часот
на улицата “520“ во населбата Ќерамидница во Скопје неговиот 14 годишен син бил физички нападнат
од страна на Н.М.(41) од Скопје. По преземени мерки поднесен е соодветен поднесок.

Датум, време и место на инцидентот: На 28.11.2018 година околу 13,00 часот на улицата “520“ во
населбата Ќерамидница
Извор на информации: дневен билтен на МВР.
Инволвирани жртви: едно малолетно 14 годишно дете.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ), Телесна повреда (Член 130, КЗ на РСМ).
Сторители: идентификуван сторител Н.М: (41).
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничко
потекло а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – жртвата со напаѓачот се од различно етничко потекло;
2. Модел на претходни инциденти – напади на малолетни лица во овој дел од градот се регистрирани
и претходно
3. Локација- во овој дел од градот живеат луѓе од различна етнички заедници, претежно Роми и
Македонци.

Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: На барањето доставено до МВР во врска со овој инцидент, дали има
индикатори со кои ќе се потврди дело од омраза, сеуште немаме добиено одговор.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата, соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.

Адреса
Улица «520»
Име на Локација
Керамидница, Скопје, Северна Македонија

Број на жртви
1
Број на сторители
1
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад Насилство
Име на Локација
Улица
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го фатија сторителот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Нападнат малолетник во Ќерамидница image

Кривични дела

Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност