Што се случило: Во близина на ОУ „Ѓорче Петров“ 15 годишен малолетник кој прославувал роденден
со своите другари, бил пресретнат од три лица, од кои едното имало бејзбол палка. Трите лица тргнале
кон малолетникот и неговите другари и физички го нападнале на тој начин што едниот од тројцата го
фатил за врат и го турнал во грмушки, по што се обидел да го удри со тупаница, но оштетениот избегал
и телефонски го пријавил настанот. Кога тргнал кон ПС-ОН „Ѓорче Петров“, еден од напаѓачите ја
земал палката и се обидел да го удри оштетениот во пределот на главата, но не успеал во намерата.
Датум, време и место на инцидентот: 5 март, околу 21 часот, во близина на ОУ „Ѓорче Петров“
Скопје.
Извор на информации: Телевизија Сител.
Инволвирани жртви: Едно малолетно лице.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ), Загрозување со опасно орудие при тепачка или
караница (Член 133 КЗ)
Сторители: Група од тројца непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Претпоставена разлика во етничкото потекло – инцидентот се случил во област населена од
луѓе со мешан етнички состав;
2. Природа на насилство – инцидентот се случил во јавност;
Статус на случајот: Поднесена кривична пријава.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое
Комитетот го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека од страна на СВР Скопје
била доставена кривична пријава до Основното Јавно Обвинителство-Скопје.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент го доведува во прашање етничкиот соживот
помеѓу двете најголеми заедници во земјата.