март 11, 2019

Нападнат малолетник во Чаир на ул. „Цветан Димов“

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност
Насилство врз малолетници
Предизвикување на национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост

Што се случило: На 11.03.2019 во 10 часот во СВР Скопје, С.К.(42) од Скопје пријавила дека истиот ден околу
08.30 часот на улица „Цветан Димов“ нејзиниот 17 годишен син бил физички нападнат од две лица. Се работи
на расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: На 11.03.2019 во 8.30 часот, ул. “Цветан Димов“ Скопје.
Извор на информации: дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: една (1) малолетна жртва
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: двајца (2) сторители
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – жртвата и напаѓачите биле од различна етничка заедница.
2. Локација – настанот се случил во населба каде живее мешано етничко население и каде постои
нетрпеливост помеѓу етничките заедници
Статус на случајот: непознат
Одговор на локалните власти: Земен записник по пријава од чл.12 од ЗППЈРМ и се преземаат мерки за
расчистување на физичкиот напад.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.

Адреса
ул. “Цветан Димов“ Скопје.
Име на Локација
ул. “Цветан Димов“ Скопје.

Број на жртви
1
Број на сторители
2
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Насилство
Име на Локација
Улица
Нападнат малолетник во Чаир на ул. „Цветан Димов“ image