Што се случило: На 27.11.2018 година во 13,30 часот Ш.Ш.(43) од Скопје пријавила дека истиот ден
околу 12,00 часот на улица “Џон Кенеди“во двор од средно училиште (средно училиште цветан димов)
нејзиниот 16 годишен син бил физички нападнат од страна на негов соученик. Се преземаат мерки за
целосно расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 27.11.2018 година околу 12,00 часот на улица “Џон Кенеди“во
двор од средно училиште (средно училиште цветан димов)
Извор на информации: дневен билтен на МВР.
Инволвирани жртви: едно малолетно 16 годишно дете.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ), Телесна повреда (Член 130, КЗ на РСМ).
Сторители: еден малолетен сторител.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничко
потекло а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – жртвата со напаѓачот се од различно етничко потекло;
2. Модел на претходни инциденти – напади на малолетни лица во овој дел од градот се регистрирани
и претходно
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: На барањето доставено до МВР во врска со овој инцидент, дали има
индикатори со кои ќе се потврди дело од омраза, сеуште немаме добиено одговор.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата, соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.