Што се случило: На 04.07.2019 во 20.40 часот во СВР Скопје, И.Ј.(43) од Скопје пријавил дека истиот ден
околу 20.35 часот на булевар „АСНОМ“ неговиот малолетен син бил физички нападнат од С.Н. Се работи на
расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 04.07.2019, 20.35 часот, Скопје
Извор на информации: дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: една (1) малолетна жртва
Вид на злосторства: Телесна повреда ( член 135 од КЗ)
Сторители: еден (1) сторител.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – сторителот и жртвата имаат различна етничка припадност
2. Локација – настанот се случил на локација каде што претходно имало слични инциденти
Статус на случајот: затворен
Одговор на локалните власти: Констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството, и особено лошо се одразуваат
на развојот и поведението на децата.