Што се случило: На автобуската постојка кај „АСУЦ“ во населба Автокоманда, во автобус на
ЈСП со бр.50 неколку непознати лица физички нападнале едно шеснаесетгодишно лице, по што
се симнале и побегнале во непознат правец. Во дневниот билтен на МВР е наведено дека се
преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 02 март, околу 13:00 часот, автобус на ЈСП бр.50.
Извор на информации: Дневен билтен на Министерство за внатрешни работи, Електронски
медиум Мкд.мк.
Инволвирани жртви: Едно малолетно лице.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ)
Сторители: Група од неколку непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Претпоставена разлика во етничкото потекло – инцидентот се случил во автобус на ЈСП бр.50,
на автобуска постојка пред училиште во кое учат ученици со мешан етнички состав
2. Модел на претходни инциденти – овој инцидент е уште еден од растечкиот тренд на тепачки во
автобусот на ЈСП бр.50
Статус на случајот: Под истрага.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер
што МХК го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека се работи за прекршок
„Физички напад“ согласно чл.12 од 3ППЈРМ и сe уште се преземаат мерки за расчистување на
настанот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент го доведува во прашање етничкиот соживот
помеѓу двете најголеми заедници во земјата.