Што се случило: Едно лице на возраст од 18 години било без повод и причина физички нападнато
од страна на седум–осум непознати лица во автобус на ЈСП со бр.68, кој се движел на релација од
Kино „Маџари“ до „АСУЦ“,. По нападот сторителите побегнале во непознат правец. Во дневниот
билтен на МВР е наведено дека се преземаат мерки за пронаоѓање на напаѓачите и за целосно
расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 02 март, околу 12:30 часот, автобус на ЈСП бр.68.
Извор на информации: Дневен билтен на Министерството за внатрешни работи, електронски
медиум Плусинфо.
Инволвирани жртви: Едно лице.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ)
Сторители: Група од 7-8 непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Претпоставена разлика во етничкото потекло – инцидентот се случил во автобус бр.68 на
ЈСП кој транзитира низ области населени со луѓе со мешан етнички состав; крајната релација е
училиште во кое учат ученици од мешан етнички состав
2. Модел на претходни инциденти – овој инцидент е уште еден од растечкиот тренд на тепачки во
автобусот бр.68 на ЈСП
Статус на случајот: Под истрага.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер
кое МХК го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека се работи за прекршок
„Физички напад“ согласно чл.12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир (3ППЈРМ) и
сè уште се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент го доведува во прашање етничкиот соживот
помеѓу двете најголеми заедници во земјата.