јули 1, 2018

Нападнато малолетно (17 год) момче во Центар

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност
Насилство врз малолетници

Што се случило: На 01.07.2018 година во 18,15 часот во Полициската станица Центар И.С.(47) пријавил
дека истиот ден околу 00,30 часот на улица “Луј Пастер“ неговиот 17 годишен син бил физички нападнат
од група на лица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Датум, време и место на инцидентот: 01.07.2018 година во 18,15 часот на улицата “Луј Пастер“ во
Скопје
Извор на информации: дневен билтен на МВР.
Инволвирани жртви: едно малолетно лице.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ), Телесна повреда (Член 130, КЗ на РСМ).
Сторители: повеќе непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничко
потекло а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – жртвата е малолетник а со напаѓачите се од различно етничко
потекло;
2. Модел на претходни инциденти – напади на малолетни лица на улица, атобуска постојка или
блиску училиште

Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: До затварње на овој извештај сеуште немаме одговор од МВР. (Одговор
добиен во Јануари, евидентиран како физички напад, се работи на расчистување на случајот).
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата, соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството и
особено безбедноста на децата и младите луѓе во средини кои треба да се сигурни и безбедни за нив (
училишта, јавен превоз, населби во кои живеат и се движат).

Адреса
Центар, Скопје, Северна Македонија
Име на Локација
улица “Луј Пастер“

Број на жртви
1
Број на сторители
6
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Телесна повреда Физички напад Насилство
Име на Локација
Улица
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Нападнато малолетно (17 год) момче во Центар image

Кривични дела

Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност