Што се случило: На 11.02.2019 година околу 19.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Бутелска“
А.Б.(17) К.С.(17) и А.Ј.(17) од Скопје биле физички нападнати од Ф.В., М.Н. Е.И. и други лица кои ги познавале од
претходно, а кои употребиле и метални предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 11 февруари 2019 година, 19,30 часот ул. „Бутелска“ Скопје.
Извор на информации: дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: три (3) малолетни жртви
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: неколку сторители
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – жртвата и напаѓачите биле од различна етничка заедница.
Статус на случајот: непознат
Одговор на локалните власти: Од Единицата за насилен криминал до ОЈО Скопје поднесена е кривична
пријава против Е.И (20), Ф.Б (17), А.М (18), А.И (17) сите од Скопје, поради постоење на основи на сомневање
дека сториле кривично дело „Насилство“ од чл.389 од КЗ.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.