Што се случило: На 11.03.2018 година околу 22,10 часот во Скопје, на Плоштад “Скендербег”, по
извршено легитимирање на А.И.(26) од Скопје, од страна на полициски службеници, истиот се вратил
со поголема група лица упатувајќи им закани по животот на полициските службеници, по што лицата
се дале во бегство. МВР презема мерки за пронаоѓање на лицата и целосно расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 11 март, околу 22:10 часот, плоштад Скендербег, Скопје.
Извор на информации: дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: полициски службеник
Вид на злосторства: Загорзување на сигурноста (Член 144 од КЗ на РСМ) Напад врз службено лице при
вршење работи на безбедноста ( чл.383 од КЗ)
Сторители: еден сторител кој е идентификуван.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничко
потекло а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – жртвата и напаѓачот се од различно етничко потекло (македонци
и албанци);
2. Место – Инцидентот се случил на место каде и претходно имало вакви и слични напади и каде што
живеат и поминуваат луѓе од различни етнички заедници.
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Во одговорот кој го добивме од МВР наведуваат дека сторителот е
идентификуван и дека од нивна страна до ОЈО ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата, соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.