Што се случило: Група од неколку малолетни лица биле физички нападнати од група од пет-шест
други лица на возраст од околу 20 години.
Датум, време и место на инцидентот: 20 февруари, околу 22:00 часот, на ул.„Кеј 13 Ноември“
Извор на информации: Електронски медиум Република.
Инволвирани жртви: Група од неколку малолетни лица.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ)
Сторители: Група од неколку непознати лица на возраст од дваесеттина години.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Претпоставена разлика во етничкото потекло – во текот на изминатите години, во близината
на кејот и градскиот парк во повеќе наврати се случувале етнички мотивирани инциденти.
2. Природа на насилството – инцидентот се случил во јавност;
Статус на случајот: Под истрага.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое
Комитетот го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека од страна на СВР Скопје
бил земен записник за примање на пријава и се преземаат мерки за расчистување на прекршокот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент го доведува во прашање етничкиот соживот
помеѓу двете најголеми заедници во земјата.