Што се случило: Две лица на возраст од 18 и 19 години, без повод и причина и биле физички
нападнати со тупаници во пределот на лицето и телото од страна на неколку непознати лица.
Датум, време и место на инцидентот: 9 март, околу 21 часот, ул. „Ѓорче Петров“ во Скопје
Извор на информации: Телевизија Сител.
Инволвирани жртви: Две лица.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ)
Сторители: Група од неколку непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Претпоставена разлика во етничкото потекло – инцидентот се случил во област населена од
луѓе со мешан етнички состав;
2. Природа на насилство – инцидентот се случил во јавност;
Статус на случајот: Под истрага.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое
Комитетот го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека од страна на СВР Скопје
бил сочинет записник за примање на пријава и се преземаат мерки за расчистување на прекршокот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент го доведува во прашање етничкиот соживот
помеѓу двете најголеми заедници во земјата.