Што се случило: На 14.11.2018 година во 20.00 часот во СВР Скопје, М.Ј.(19) и Ј.С.(19), двајцата од
Кавадарци, пријавиле дека во автобус бр.55 на ЈСП Скопје биле физички нападнати од неколку лица.
Се преземааат мерки за расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 14.11.2018 година во автобус бр.55 на ЈСП
Извор на информации: дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: 2 жртви
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ), Телесна повреда (Член 130, КЗ на РСМ)
Сторители: неколку непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничко
потекло а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – во дел на градот живее население од различно етничко потекло,
а исто така и на автобуската постојка поминуваат автобуски линии кои поврзуваа населби со
мешана етничка структура. Во конкретниот случај жртвите биле од македонски етничко потекло од
Кавадарци ( град каде живее македонско население) а во автобусот број 55 најголем дел од лицата
кои го користат се од албанско етничко потекло;
2. Модел на претходни инциденти – конфликтни ситуации и судири помеѓу млади лица од различна
етничка припадност во автобуси и на автобуски постојки.
Локација- инцидентот се случил во автобуска линија бр. 55
Статус на случајот: непознат.
Одговор на локалните власти: На барањето доставено до МВР во врска со овој инцидент, дали има
индикатори со кои ќе се потврди дело од омраза, сеуште немаме добиено одговор до затварање на
овој случај.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата, соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.