Што се случило: На 10.04.2020 во 03.00 часот во СВР Куманово, М.Ј.(21) и А.А.(23), двајцата од Пакистан, пријавиле дека на 09.04.2020 околу 22.00 часот на пат од с.Лојане кон с.Ваксинце со употреба на сила им биле одземени пари и мобилен телефон од пет непознати лица од Пакистан, а потоа биле физички нападнати, при што М.Ј. бил повреден со нож, а А.А. со тврд предмет. М.Ј и А.А. биле пренесени во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово и се преземаат мреки за расчистување на случајот.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
- Етничкото потекло– жртвата и напаѓачите биле од различна етничка заедница.
2.Локација-настанот се случил на место каде што поминува рутата на мигрантите и бегалците кои транзитираат преку државата.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.