Што се случило: Двајца мигранти од Мароко биле нападнати и ограбени од страна на седуммина
непознати сторители во близина на Гевгелија. Сторителите ги пресретнале жртвите со две возила,
се претставиле како полициски службеници и почнале да ги тепаат и ги ограбиле одземајќи им
400 евра.
Датум, време и место на инцидентот: 3 декември, 08:00 часот, во близина на Гевгелија.
Извор на информации: Теренски набљудувач на МХК.
Инволвирани жртви: Двајца Мароканци.
Вид на злосторства: „Разбојништво“ (член 237, КЗ на РМ), „Телесна повреда“ (член 130, КЗ на РМ).
Сторители: Седуммина непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – етничкото потекло на сторителите и жртвите се разликуваат;
жртвите се припадници на група (марокански мигрант) која е убедливо помалобројна од
припадници на друга група (македонска популација) во областа каде се случил инцидентот;
2. Модел на претходни инциденти – овој инцидент е последен од растечкиот тренд на кражби и
напади врз мигранти.
Статус на случајот: Инцидентот е пријавен кај локалните власти.
Одговор на локалните власти: До моментот на пишување на овој извештај, МВР не одговори на
барањето за информации од јавен карактер кое Комитетот го испрати во врска со овој инцидент.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање безбедноста на
мигранти кои влегуваат и поминуваат низ земјата.