февруари 19, 2017

Нападнати малолетници од навивачи на ФК Шкупи (потврдено)

Инцидент
Инциденти сторени на спортски натпревари
Инциденти сторени поради етничка припадност
Насилство врз малолетници
Предизвикување на национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост

Што се случило: Две малолетни лица биле физички нападнати од група од 20 до 30 лица,
најверојатно навивачи на ФК „Шкупи“. Откако двајцата малолетници излегле од спортската сала
„Кале“ и се упатиле кон „Градски парк“, во непосредна близина на „Академија Вардар“ забележале
дека зад нив се движела групата. При разминување едно лице од групата со тупаница го удрило
едниот малолетник во пределот на лицето, додека неколку други лица физички го нападнале
другиот малолетник, удирајќи го со нозе и раце во пределот на главата и телото. Малолетниците
забележале дека едно од лицата имало нож во рака, а повеќе други лица имале метални шипки
на расклопување, кои не ги употребиле. Едното малолетно лице со возило на Итна медицинска
помош било пренесено во ГОБ „8-ми Септември“, каде му била укажана медицинска помош и
му биле констатирани телесни повреди. Претходно, непосредно по случувањето на настанот,
од страна на полициски службеници, кои биле ангажирани да го обезбедуваат фудбалскиот
натпревар помеѓу ФК „Вардар“ и ФК „Шкупи“, било интервенирано и во ПС Центар биле приведени
шест лица од Скопје и едно лице од Велес. Во билтенот на МВР е наведено дека се преземаат
мерки за целосно расчистување на настанот.

Датум, време и место на инцидентот: 19 февруари, 13:30 часот, во близина на Академија Вардар,
Скопје.
Извор на информации: Дневен весник Дневник.
Инволвирани жртви: Две лица.
Вид на злосторства: Телесна повреда (Член 130, КЗ), Насилство (Член 386, КЗ).
Сторители: Група од дваесетина навивачи на ФК Шкупи.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил непосредно
по одржувањето на спортски настан, пристрасниот мотив е етничко потекло, државјанство или
јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – членовите на навивачките клубови на Вардар и Шкупи се со
различно етничко потекло;
2. Време – инцидентот се случил по фудбалски натпревар помеѓу клубовите Вардар и Шкупи чии
навивачи / поддржувачи имаат различно етничко потекло;

Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: По поднесеното Барање на информации од јавен карактер од
страна на МХК, во добиениот одговор од страна на МВР беше известено дека во врска со овој
кривично-правен настан од страна на СВР Скопје до ОЈО Скопје било поднесено писмено
известување во врска со кривичното дело „Насилство“ предвидено и казниво по членот 386 од КЗ
(КУ.бр.1743/17).
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата, соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството и
безбедноста на луѓето присутни на или во близина на спортски натпревари.

Адреса
во близина на Академија Вардар, Скопје.
Име на Локација
во близина на Академија Вардар, Скопје.

Број на жртви
2
Број на сторители
10
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Сериозна закана Телесна повреда Физички напад Насилство
Име на Локација
Улица
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Нападнати малолетници од навивачи на ФК Шкупи (потврдено) image

Кривични дела

Против животот и телото
Телесна повреда
Против јавниот ред
Насилство
Против државата
Предизвикување национална, расна или верска омраза, раздор и нетолеранција

Основа

Националност Етничка припадност