Што се случило: На 07.09.2018 година во 22,45 часот во Полициска станица Ѓорче Петров Д.Н.(39) и
М.Х.А.(45) двајцата од Скопје пријавиле дека истиот ден околу 21,50 часот на улица «Исаија Мажовски»
од страна на неколку малолетни лица биле физички нападнати нивните синови на возраст од 12 и 15
години. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 07.09.2018 година, во 22,45 часот, на улица „Исаија Мажовски“,
Скопје.
Извор на информации: билтен на МВР.
Инволвирани жртви: двајца малолетници (12 и 15 год.).
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ), Учество во тепачка (Член 132, КЗ на РСМ)
Сторители: неколку малолетни лица.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничко
потекло а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – жртвата е малолетник а со напаѓачите се од различно етничко
потекло (македонци и албанци);
2. Модел на претходни инциденти – се напаѓаат осамени малолетници, а напаѓачите се полнолетни
или во група
3. Место – Инцидентот се случил во О. Ѓорче Петров, каде и претходно имало вакви и слични напади
и каде што живеат и поминуваат луѓе од различни етнички заедници.
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Во одговорот кој го добивме од МВР, се преземаат мерки за
расчистување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата, соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството и
особено безбедноста на децата и младите луѓе во средини кои треба да се сигурни и безбедни за нив (
училишта, јавен превоз, населби во кои живеат и се движат).