март 22, 2017

Нападнати малолетници во скопски Аеродром (потврдено)

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност
Насилство врз малолетници

Што се случило: Едно 17-годишно лице заедно со неговиот другар биле физички нападнати од
околу 20 непознати лица во автобус на ЈСП-Скопје со бр.7. На автобуската постојка на бул. „3-та
Македонска Бригада“, во близина на СУГС „Марија Кири Склодовска“, во автобусот се качиле
околу 20 непознати лица на возраст од 14 до 18 години. Неколку од нив почнале да го влечат
малолетното лице и кога го истуркале надвор физички го нападнале удирајќи го со раце и нозе
во пределот на телото. После тоа тие се свртеле кон неговиот другар и почнале да го удираат со
шлаканици по задниот дел на главата, но тој успеал да избега. Се преземаат мерки за целосно
расчистување на случајот.

Датум, време и место на инцидентот: 22 март, 14:00 часот, автобус на ЈСП бр.7
Извор на информации: Дневен билтен на Министерството за внатрешни работи.
Инволвирани жртви: Две малолетни лица.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ), Телесна повреда (Член 130, КЗ)
Сторители: Група од 3-4 лица.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Претпоставена разлика во етничкото потекло – инцидентот се случил во автoбус бр.7 на ЈСП кој
транзитира низ области населени со луѓе со мешан етнички состав; постојката на која сторителите
влегле во автобусот е лоцирана пред училиште во кое учат ученици од мешан етнички состав.
2. Модел на претходни инциденти – овој инцидент е уште една од растечкиот тренд на тепачки во
автобусите на ЈСП.

Статус на случајот: Поднесена кривична пријава против три лица за кривично дело „Насилство“
од член 386 од КЗ.
Одговор на локалните власти: МВР одговори на Барањето за информации од јавен карактер
што МХК го испрати во врска со овој инцидент. Во одговорот се прецизира дека при настанот
физички било нападнато едно лице (17) од страна на 3-4 непознати лица. По преземените
мерки и активности од страна на СВР Скопје до ОЈО Скопје била доставена кривична пријава
(КУ.бр.2993/17) против 3 лица за постоење основи на сомнение за извршено кривично дело
„Насилство“ согласно чл.386 од КЗ.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент го доведува во прашање етничкиот соживот
помеѓу двете најголеми заедници во земјата.

Адреса
бул. „3-та Македонска Бригада“
Име на Локација
автобус на ЈСП бр.7

Број на жртви
2
Број на сторители
4
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Телесна повреда Физички напад Насилство
Име на Локација
Улица
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го фатија сторителот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Нападнати малолетници во скопски Аеродром (потврдено) image

Кривични дела

Против животот и телото
Телесна повреда
Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност