август 15, 2015

Нападнати Македонци, помешани со сириски мигранти (потврдено)

Инцидент
Инциденти заради бегалски или мигрантски статус

Што се случило: Двајца сторители од Велес се обиделе да ограбат двајца македонски малолетници,
но запреле со разбојништвото кога жртвите проговориле на македонски јазик. Подоцна, еден од
сторителите украл торба од еден Сириец, по што почнал да бега. Кога забележал дека го брка
група мигранти, тој испукал еднаш во воздух со пиштол на гас.

Датум, време и место на инцидентот: 15-16 август, 11:30-04:00 часот, во Гевгелија.
Извор на информации: Електронски медиум телеграф мк.
Инволвирани жртви: Еден Сириец и двајца Македонци.
Вид на злосторства: „Разбојништво“ (член 237, КЗ на РМ), „Тешка кражба“ (член 236, КЗ на РМ).
Сторители: Двајца машки сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – етничкото потекло на сторителите и жртвата се разликуваат;
жртвата е припадник на група (сириски мигрант) која е убедливо помалобројна од припадници на
друга група (македонска популација) во областа каде се случил инцидентот;
2. Модел на претходни инциденти – овој инцидент е последен од растечкиот тренд на кражби и
напади врз мигранти.

Статус на случајот: Поднесена кривична пријава.
Одговор на локалните власти: Одговарајќи на барање за информации од јавен карактер,
Министерството за внатрешни работи (МВР) одговори дека поднеле кривична пријава за
кривичното дело „Разбојништво“ (член 237, КЗ на РМ).
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање безбедноста на
мигрантите кои влегуваат и поминуваат низ земјата.

Адреса
Гевгелија
Име на Локација
Гевгелија

Број на жртви
3
Број на сторители
2
Статус на случајот
Под истрага
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот Сериозна закана Физички напад Насилство
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Нападнати Македонци, помешани со сириски мигранти (потврдено) image

Кривични дела

Против слободите и правата
Криминална закана
Против сопственоста
Оштетување на имотот
Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност