Што се случило: На 12.11.2019 во 14.00 часот во Транзитен Центар – Табановце, Н.А.(35) и Х.М.(38), двајцата
мигранти од Иран, пријавиле дека неколку лица во с.Лојане, општина Липково им ги одзеле парите и мобилните
телефони, а едно од лицата извршило обљуба над жена мигрант од Авганистан која, според пријавеното, потоа
ја пренеле во Р.Србија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 12.11.2019, 14.00, Скопје
Извор на информации: дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: тројца (3) жртви
Вид на злосторства: Разбојништво (Член 237, КЗ на РСМ)
Сторители: неколку непознати сторители
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – сторителот и жртвата се од различна етничка заедница.
2. Локација – настанот се случил на место каде што и претходно се случувале вакви инциденти
Статус на случајот: непознат
Одговор на локалните власти: Се работи на расчистување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.