Што се случило: Непозната група луѓе нападнала двајца машки малолетници без каков било
мотив или причина, нанесувајќи им повреди на главите и телата.
Датум, време и место на инцидентот: 12 август, 00:10 часот, ул. „Црвена општина“, Скопје.
Извор на информации: Електронски медиум мкд мк.
Инволвирани жртви: Двајца машки малолетници.
Вид на злосторства: „Насилство“ (член 386, КЗ на РМ), „Телесна повреда“ (член 130, КЗ на РМ).
Сторители: Непозната група луѓе.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Претпоставена разлика во етничкото потекло – инцидентот се случил во област населена од
луѓе со мешан етнички состав;
2. Природа на насилството – инцидентот се случил во јавност;
3. Недостаток на други мотиви.
Статус на случајот: Под истрага.
Одговор на локалните власти: Одговарајќи на барање за информации од јавен карактер, Минис тер-
ството за внатрешни работи (МВР) одговори дека поднеле писмена пријава до Јавното обвинит елство.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент го доведува во прашање етничкиот соживот
помеѓу двете најголеми заедници во земјата.