Што се случило: Медиумите известија за инцидент кој се случил во автобус на ЈСП со број 65 каде што момче со
тупaницa и го pacкpвapил носот на малолетна девојка, па избегал во непознат правец. Според информациите слоделени
од страна на медиумите, девојката е средношколка, а момчето било од Арачиново. Момчето веднаш се дало во бегство,
а средношколците кои биле сведоци на настанот иcплaшeни ги повикале своите родители по што се направила гужва на
постојката. На лице место биле присутни полициски службеници кои се обидувале да ги смири насобраните.
Датум, време и место на инцидентот: 31 јануари, 18.40 часот, во автобус бр.65 во с. Синѓелиќ, ул. Алија
Авдовиќ Скопје.
Извор на информации: лидер.мк.
Инволвирани жртви: едно (1) малолетно лице (женско).
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ), Телесна повреда (Член 130, КЗ на РСМ).
Сторители: еден (1) сторител.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничко потекло
а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – жртвата е малолетник и со напаѓачот се од различно етничко потекло;
2. Модел на претходни инциденти – напади на осамени малолетни лица на улица, блиску училиште, во
автобус
3. Место – автобус бр, 65 многу често бил место каде се случувале вакви напади
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Иако полицајци биле присутни на местото на настанот, овој случај воопшто не
е објавен во дневниот билтен на МВР
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата, соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството и особено безбедноста на
децата и младите луѓе во средини кои треба да се сигурни и безбедни за нив (училишта, јавен превоз, населби
во кои живеат и се движат).